петок, 14 ноември 2025

Акциите на Шаоми паднаа по сообраќајна несреќа во Кина (ВИДЕО)

Акциите на кинескиот технолошки гигант Шаоми паднаа денес за повеќе од 5 отсто по извештаите дека вратата на едно од неговите електрични возила не се отворила по сериозна сообраќајна несреќа во Кина во која загинало едно лице.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Акциите паднаа за дури 8,7 отсто во еден момент, што е нивен најголем пад од април, пред загубите да се намалат откако слики и снимки од запаленото возило што се појавиле на кинеските социјални мрежи по несреќата во кинескиот град Ченгду.

На снимките се гледа како минувачи безуспешно се обидуваат да ја отворат вратата од автомобилот што гори за да го спасат патникот. Полицијата во Ченгду објави дека шаоми СУ7 се судрил со друг автомобил. 31-годишниот возач во автомобилот на Шаоми загинал, а се верува дека бил под дејство на алкохол.

Компанијата Шаоми, која произведува потрошувачка електроника, софтвер и електрични возила, не одговорила веднаш на барањата за коментар.

Поради сообраќајната несреќа може да биде зголемен надзорот на електронските рачки на вратите, дизајн популаризиран од американска Тесла, а сега вообичаен кај модерните електрични возила. За разлика од механичките модели, електронските рачки на вратите работат со помош на сензори и електрична енергија и можат да откажат за време на пожар или прекин на електричната енергија.

Кина размислува за забрана на вакви електронски рачки на вратите за да се справи со безбедносните ризици поврзани со оваа функција, објавија државните медиуми кон крајот на септември. Во меѓувреме, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на Соединетите Американски Држави отвори истрага за околу 174.000 возила тесла модел ипсилон по пријавите за дефекти на рачките на вратите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ