понеделник, 23 јуни 2025

Вардар по 17. пат го освои Купот на Македонија, Пелистер беше немоќен во финалето

По две години пауза трофејот од Купот на Македонија повторно е во рацете на ракометарите на Вардар кој во финалето кое се одигра во Охрид го победи Пелистер со 31-27.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар имаше одличен старт на мечот, поведе со 6-2 и ја одржуваше таквата предност, на полувремето црвено-црните имаа три гола предност, беше 17-14.

Во вториот дел беше исто, Вардар ја чуваше предноста, Пелистер се обидуваше да се доближи, но не успеваше, конечниот резултат беше 31-27.

Мечот беше исполнет со многу борба, имаше и тензија на теренот која е вообичаена кога се игра вечното дерби. На трибините двата тима имаа поддршка од своите навивачи кои ја правеа атмосферата како што доликува на едно финале.

Најефикасни во составот на Вардар со по шест постигнати гола беа Крсманиќ и Јагуриновски, кај Пелистер Радивојевиќ даде осум погодоци, Манасков постигна седум.

Пехарот по две години се враќа во витрината на Вардар, а Пелистер чека веќе 20 години, ќе чека и понатаму за да ја повтори далечната 2005 година кога последен пат го кренаа овој трофеј во рацете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ