понеделник, 17 ноември 2025

Вардар го победи Пелистер среде Битола, бодовите одат во Скопје

Вардар со 2-1 го доби вечното дерби против Пелистер со кое се затвори 12. коло од Првата македонска лига (ПМФЛ), по мирното прво полувреме, сите три погодоци беа постигнати во вториот дел.

Објавено на

часот

Сподели

Црвено-црните освоија три важни бодови од големото дерби и ја продлабочија кризата на битолчани кои веќе девет меча по ред немаат победа.

Во првото полувреме немаше многу шанси, сите возбудувања се случија во вториот дел од мечот.

По десетина минути игра во второто полувреме Мато со прекрасен гол од далечина донесе водство за Вардар од 1-0.

Но предноста на вардарци не траеше долго, само шест минути подоцна Спировски упати бомба од далечина која ја одбрани Талески, но топката дојде до Петковски кој реализираше во празната мрежа за израмнување на 1-1.

Во 81. минута спорен момент, Данев беше соборен во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка. Закариќ биеше прецизно и го врати водството на Вардар, 2-1. Битолчани се бунеа за пеналот барајќи фаул од играчот на Вардар, но судиите сметаа дека се е чисто.

До крајот Пелистер се обидуваше да избегне пораз, но не успеа, бодовите отидоа во Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ