Нико Паз блеска во дресот на Комо па изминатово лето неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги.
Во последните денови од преодниот рок, Тотнем понуди 70 милиони евра, но Комо, во договор со Реал Мадрид, го одби предлогот.
Како што пренесува Спортмедиасет, двата клуба имаат џентлменски договор според кој Комо богато ќе заработи.
И покрај тоа што „кралевите“ можат со само 9 милиони евра да го вратат Нико Паз во своите редови, ќе платат помеѓу 35 и 40 милиони евра.
На овој начин ќе се заблагодарат за одличниот развој на Нико Паз, и тоа што Комо не дозволи тој да се пресели во друг клуб.






