сабота, 9 мај 2026

Охрид го победи новиот шампион Вардар и освои важни бодови во борба за второто место

Ракометарите на Охрид му го нанесоа првиот пораз на Вардар во плеј-офот од Суперлигата, откако во „Билјанини извори“ славеа со 26-24 во меч од големо значење во борбата за второто место.

Објавено на

часот

Сподели

Охрид отвори добро и водеше во првите десетина минути. Потоа Вардар подобро го заврши првото полувреме и на пауза замина со предност од 12-14, иако охриѓани во неколку наврати имаа контрола над резултатот. Домашниот тим добро парираше во воведот, а со головите на Јасухира и Ѓукиќ стигна и до 8-5.

Гостите отворија подобро и во вториот дел, поведувајќи со 12-16, но следеше голем пад во нивната игра. Охрид направи серија од 4-0 и целосно се врати во натпреварот, а потоа со расположениот Ѓукиќ и ефикасниот Иванковиќ дојде и до највисоки 21-17. Вардар не се предаваше и во финишот неколкупати се доближуваше на само еден гол негатива, но клучна беше интервенцијата на Пилиповиќ при резултат 26-24, по што домаќинот успеа да ја сочува предноста до самиот крај.

Најефикасни кај Охрид беа Иванковиќ и Јасухира со по шест гола, додека кај Вардар се издвои Да Силва со пет погодоци.

Сигурна победа забележа Алкалоид на гостувањето кај Тиквеш (23-30). Тимот на Кирил Лазаров е сигурен на четвртата позиција и без шанси за прогрес погоре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ