Официјалните билети веќе се распродадени, а на платформите за препродажба просечната цена изнесува околу 9.900 евра. На „СтубХаб“ најевтините билети чинат околу 7.125 евра, додека местата покрај теренот достигнуваат цена од дури 83.639 евра.
Според податоците на „ТикПик“, ова финале е поскапо и од најголемите спортски настани во САД. Просечната цена за билет за Суперболот изнесувала околу 8.225 евра, додека за финалето на НБА лигата околу 5.513 евра.
За првпат ФИФА примени систем на динамично формирање на цените, при што вредноста на билетите расте во зависност од побарувачката. Покрај скапите влезници, навивачите треба да издвојат значителни средства и за патување, сместување и превоз до стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.





