Младиот возач на Мерцедес до пол-позицијата стигна со одличен последен круг, во кој за 0,317 секунди беше побрз од Макс Верстапен. Холанѓанецот накратко го имаше најдоброто време, но Антонели веднаш возврати и го презеде врвот на поредокот.
Третото најбрзо време го постави Ландо Норис, но возачот на Мекларен ќе биде поместен десет места наназад поради казна. Во првите десет квалификациите ги завршија уште Џорџ Расел, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето и Исак Хаџар.
Трката за Големата награда на Белгија е закажана за в недела со почеток во 15:00 часот.





