сабота, 18 јули 2026

УЈП со осуда на нападот врз нејзините контролори на локалитетот Куклица

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица.

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на правото и врз институциите на државата. Изразуваме целосна поддршка на нашите колеги кои професионално и совесно ги извршуваат своите работни задачи и очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да обезбедат соодветна законска одговорност за сторителот“, велат од Управата за јавни приходи.

Порачуваат дека остануваат цврсто определени да ги спроведуваат законите еднакво кон сите, без отстапки и без страв.

„Насилството никогаш нема да биде причина институциите да се повлечат од својата законска обврска. Воедно, апелираме до сите даночни обврзници и граѓани да соработуваат со службените лица и да придонесат за создавање средина во која законите се почитуваат, а институциите можат непречено да ја извршуваат својата функција во интерес на сите граѓани. Не смееме да дозволиме насилството да стане средство за избегнување на законските обврски. Нападот врз службени лица мора да добие јасен и недвосмислен институционален одговор“, наведува УЈП во реакцијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ