сабота, 18 јули 2026

Меси пред финалето на СП: Се фотографирав со Јамал кога беше бебе, а сега ќе играме еден против друг

Лионел Меси очекува тежок предизвик против Шпанија во финалето на Светското првенство, а посебно внимание, според него, ќе мора да биде насочено кон Ламин Јамал.

Објавено на

часот

Сподели

Капитенот на Аргентина истакна дека младиот шпански репрезентативец веќе припаѓа на самиот светски врв и дека неговиот квалитет може да биде пресуден на најголемите натпревари.

Ламин е извонреден играч и веќе е светска ѕвезда. Го следам бидејќи настапува за клубот што го сакам и секогаш му посакувам успех. Има само 19 години, а веќе е лидер на својот тим и пред него е блескава кариера. Ќе се обидеме да не му дозволиме да го покаже својот максимум, иако тоа нема да биде лесно. Сепак, Шпанија не е само Јамал, има одличен тим, а и ние имаме свои адути“, изјави Меси.

Аргентинецот се потсети и на фотографијата направена пред 19 години, кога како млад фудбалер на Барселона позираше со тогашното бебе Ламин Јамал за хуманитарен календар.

Животот навистина знае да приреди необични приказни. Тогаш се фотографирав со него како бебе, а сега ќе играме еден против друг во финалето на Светското првенство“, рече Меси.

Финалето меѓу Аргентина и Шпанија е на програмата утре од 21:00 часот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ