„Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако, бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци, цените се такви што сигурно ќе имаме намалување на акцизите, и кај дизелот. и кај безоловните горива“, изјави Мицкоски, одговарајќи денеска при посетата на Дебрца.
В понеделник се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ја соопшти новата цена на горивата која ќе важи во следните седум дена.





