петок, 14 ноември 2025

Ѓоковиќ го доживеа најтешкиот пораз во кариерата

Новак Ѓоковиќ загуби од Валентин Вашеро со 2-0 во сетови на мастерс турнирот во Шангај, пораз доживеа и Медведев од Риндеркнеш.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер кој се мачеше и со повреди, загуби од Вашеро кој во моментов е дури на 204. позиција на АТП. Според позициите на табелата ова беше најтешкиот пораз за Ѓоковиќ.

Претходно најтешкиот му беше од Лука Нарди од Италија кој во тој момент беше на 123. место на АТП листата.

Ѓоковиќ мечот го загуби со 6-3 и 6-4.

Вашаро во финалето ќе игра против Риндеркнеш кој исто така направи изненадување победувајќи го Медведев со 2-1 во сетови.

Рускиот тенисер го доби првиот сет со 6-4, но следните два му припаднаа на Французинот со 6-2 и 6-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ