среда, 22 април 2026

Заев им вети на Грците: Сите знаат дека фудбалерите ја претставуваат Северна Македонија, ќе го решиме проблемот со дресот

Објавено на

часот

Сподели

На Грција не ѝ се допаднаа македонските дресови, тие реагираа до УЕФА и до нашето МНР за кратенката ФФМ. Сметаат дека на дресовите не смее да стои ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) бидејќи според Преспанскиот договор името на земјата е Северна Македонија.
 
Иако министерот за надворешни работи, Бујар Османи им одговори на Грците дека ФФМ нема обврска да го менува името, премиерот Зоран Заев денеска им вети дека ќе го реши и овој проблем, како што бараат тие.
 
„Цела Европа знае дека нашиот национален тим ја претставува Северна Македонија на првенството“, вели Заев во писмената изјава.
 
„Дури иако Федерацијата не е јавен субјект, националниот тим е, како што е случај и во сите земји во светот. Така е, и тоа мора да биде јасно на сите нивоа и на секого дека тоа е репрезентација на Северна Македонија, без оглед на иницијалите на Фудбалската федерација на дресот“.
 
„Ние веќе го покренавме ова прашање со федерациијата и тоа треба да се реши во блиска иднина врз основа на договорот од Преспа и правилата и традициите на УЕФА“.
 
„Имплементацијата на договорот од Преспа е работа што е во тек и нашата цел е постепено со нашитие соседи да наоѓаме решенија со кои ќе се спроведува договорот и кои ќе нè туркаат напред, врз основа на соработка и меѓусебна почит“.



 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ