сабота, 2 мај 2026

Влахо поднесе оставка од кормилото на Работнички

Објавено на

часот

Сподели

Работнички имаше четири порази во последните пет кола од Првата македонска лига, а тимот од Дебар Маало доживеа и елиминација од Купот на Македонија. Па по загубениот меч со 3-0 од Академија Пандев беше јасно дека е потребна тренерска смена.
 
„По долго размислување, а со цел да се извлече заедничко добро и за мене и за тимот, донесов одлука да се повлечам од позицијата шеф на стручниот штаб на Работнички. Поминав прекрасни 11 месеци во клубот, чиј пријател и голем навивач ќе останам и во иднија. Сега е време да се посветам на мојот следен проект кој го подготвувам подолг период. Би сакал да се заблагодарам за одличната соработка и за поддршката на раководството на ФК Работнички, сите мои соработници и пред се на фудбалерите. Им посакувам добро здравје и успеси во иднина и искрено се надевам дека Работнички ќе успее да го најде патот за враќање на европската сцена“, изјави Александар Влахо.
 
ФК Работнички му се заблагодарува на Александар Влахо за посветената работа и за максимално вложениот труд.
 
„Би сакал да му се заблагодарам на Александар Влахо за посветеноста и напорната работа во ФК Работнички. Клубот му посакува се најдобро во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде назначен нов шеф на стручниот штаб“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ