петок, 24 април 2026

Шкупи со два гола предност ќе патува на реваншот кај Лапи

Објавено на

часот

Сподели

Вицешампионот на Македонија со два гола предност ќе патува во Косово на реваншот кај Лапи, вечерва избраниците на Седлоски славеа со 2-0.

Резултатот го отвори Кире Маркоски, кој искористи една грешка на гостите во 36. минута и погоди за 1-0.

Конечниот резултат беше поставен длабоко во судиското надополнување, Руатубаје во 94. минута ја затресе мрежата на Лапи и донесе 2-0.

Возвртаниот натпревар од првото коло во Конференциската лига се игра за седум дена, а доколку Шкупи ја сочува предноста, во второто коло ќе игра против португалска Санта Клара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ