Горан Пандев е фудбалерот со најмногу настапи за македонската репрезентација и рекорден број голови во националниот дрес. Тој е најзаслужниот што Македонија се пласираше на Европското првенство, како капитен ги предводеше своите соиграчи на континенталниот собир. Го постигна и првиот гол за Македонија на големите натпреварувања.
Селекторот Ангеловски засекогаш ќе биде запишан како човекот што ја однесе Македонија на првото големо натпреварување. За успехот што го направи не е потребно ни да се трошат зборови, целата македонска јавност тоа го знае.
ФФМ објави календар за 2022 година во кој има дел од најубавите моменти од претходната година, но на него ги нема капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски.
Ваквиот срамен потег на ФФМ не е изненадување. Претседателот Муамед Сејдини беше на „нож“ и со Пандев и со Ангеловски, па веројатно кога ќе ги врти страниците од календарот во својата канцеларија, помирна ќе му биде душата ако ги нема нив двајца.
Горан Пандев не остана рамнодушен на календарот на ФФМ, тој преку сториња на својот инстаграм профил си направи „свој“ календар. Објави серија на фотографии во кои се и тој и селекторот Ангеловски.
Календарот на ФФМ:













Одговорот со фотографии на Пандев:














