петок, 1 мај 2026

Навивачите на Марсеј подготвија специјален пречек за Лео Меси (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

101-вото Класико се игра вечерва на Велодром, Марсеј ќе го пречека лутиот ривал ПСЖ. Дербито оваа сезона е зачинето со присуството на Лео Меси, за кого е подготвен специјален пречек и дожд од лажни пари.

Навивачите на Марсеј на теренот ќе фрлат испечатени банкноти со ликот на Аргентинецот, и тоа од моментот кога плачеше на пресконференцијата пред заминувањето од Барселона.

Со овој потег, домашните фанови сакаат да порачаат дека Лео Меси ги одбрал парите од Катар наместо љубовата за дресот на Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ