Ромелу Лукаку го навлече гневот на „сините“ откако непосредно пред дербито со Ливерпул беше објавено интервју во кое напаѓачот изрази незадоволство од својата ситуација во Челси и тоа што тренерот Томас Тухел има други замисли.
Фудбалерот од Белгија беше исфрлен од тимот и синоќа се сретна со Томас Тухел да ги разчисти недоразбирањата.
Вечерва Ромелу Лукаку имаше видеообраќање со кое им се извини на фановите, тренерот, соиграчите и управата на Челси.
„Сакам да им се извинам на фановите, жалам што ве вознемирив, вие момци знаете каква е мојата поврзаност со овој клуб уште од тинеjџерските денови, па разбирам зошто сте вознемирени. Очигледно сега останува на мене повторно да ја заработам вашата доверба и ќе го дадам максимумот за да ја покажам мојата посветеност, секој ден на тренинзите и на натпреварите“, вели Лукаку.
„Сакам да се извинам и на тренерот, на соиграчите и на управата, тајмингот на интервјуто беше погрешен“.
„Секам сето ова да го оставам зад себе и да се погрижам повторно да победуваме и да го прикажувам најдоброто од себе“.






