петок, 24 април 2026

Калабрија: Дресот на Милан ми е втората кожа

Објавено на

часот

Сподели

Десниот бек кој е продукт на школата на Милан, за двојно поголема плата потпиша нов договор со росонерите со трајност до јуни 2025 година.
 
„Овој дрес е мојата втора кожа, клубот е мојата втора фамилија“, изјави Калабрија за „Милан ТВ“.
 
„Израснав тука, тука сум 15 години, искусив многу емоции како дете па до тоа да се биде во сениорскиот состав. Задоволство и гордост е тоа што ќе продолжам да одам по овој пат“.
 
„Емоционално ќе биде играњето во Лигата на шампионитет, тоа беше една од моите цели и не можам да дочекам да заиграм на Сан Сиро во ова натпреварување, се надевам пред многу фанови“.
 
„Тие ни даваат многу поддршка особено во тешки моменти како во финишот од сезоната. Беше прерасно да се види нивниот ентузијазам и пасија која ја нема во секој клуб“.
 
„Гледам светла иднина, па мора добро да ја стартуваме новата сезона и да ја завршиме уште подобро“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ