сабота, 2 мај 2026

Фердинанд: Време е Солшер да си оди

Објавено на

часот

Сподели

Кога фудбалски критичар како Рио Фердинанд кој е и фан на Манчестер јунајтед ќе го крене гласот против тренерот, тогаш се надзира крајот.
 
„Го гледам тимот секоја недела и се чудам што ќе направиме, тактички. Не гледам некаква филозофија или идентитет во начинот на кој игра Јунајтед, некои инструкции кои ги дал тренерот. Седам тука збунето и го гледам тимот“, вели Фердинанд.
 
„Отсекогаш сум бил малку скептичен. Дали тој може да ни ја донесе титулата? Н бев сигурен, не бев комплетно уверен, но се надевав дека ќе може тоа да го направи“.
 
„Но гледајќи го составот кој го доби пред почетокот на сезоната и она што го гледаме оваа сезона, чувствувам дека е можеби време кормилото да го добие некој што може да го направи тоа“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ