Данска одигра одлично прво полувреме во кое постигна два гола кои на крајот се покажаа како доволни за победа над Чешка.
Резултатот беше отворен уште по пет минути игра кога Дилејни со глава реализираше за водство на Данска од 1-0.
На три минути пред крајот на првото полувреме, Долберг го зголеми водството на Данците на 2-0.
По само четири минути игра во второто полувреме, Чешка со погодок на Шик намали на 2-1 и се врати во игра.
Но до крајот на мечот не успеа уште еднаш да погоди и да го однесе дуелот во продолженија.
На крајот Данска заслужено се радуваше на победата, а во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Украина.






