Данска е на прагот на елиминација откако го загуби и вториот натпервар нa Европското првенство.
Избраниците на Хјулманд вечерва одлично го отворија мечот, поведоа по само 100 секунди, Поулсен донесе 1-0 и огромна радост на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Домаќините продолжија со добрата игра, Белгија беше во подредена улога, но на пауза се замина со резултатот од 2. минута.
Сепак, работите се променија во второто полувреме, Де Брајне веднаш беше вметнат во игра и фудбалерот на Манчестер Сити во 55. минута му асистираше на Торган Азар за 1-1.
Потоа на теренот истрча и Еден Азар и токму фудбалерот на Реал Мадрид го проигра Де Брајне во 70. минута за пресврт и 1-2.
Данска се обиде во финишот на избегне пораз, најблиску до втор гол беше Брајтвајт, кој ја погоди само рамката од голот, па домаќините сега се на прагот на елиминација уште во групната фаза.
Со оваа победа, „ѓаволите“ обезбедија осминафинале на ЕВРО 2020.






