Одлуката на ФИФА да го додели мундијалот во 2022 година на Катар е често критикувана, па властите на оваа земја се обидуваат да се промовираат на секој начин. Последниот потег е ангажман на легендарниот Дејвид Бекам, кој ќе трба да биде лицето на Светското првенство но и амбасадор во следните десет години.
Секако, парите не се проблем за Катарците, па поранешниот фудбалер ќе добие 150 милиони фунти (околу 180 милиони евра).
Катар често е критикуван поради човековите права, односно дискриминацијата кон жените и геј заедницата, но се говори дека Дејвид Бекам добил одредени гаранции, односно за се поголемиот број на жени вклучени во политиката, како и тоа дека ќе биде дозволено на стадионите да се веат знаменца со боите на виножитото, кое е заштитен знак на ЛГБТ заедницата.
Дејвид Бејам исто така пред да ја потпише оваа супербогата соработка се консултирал со својоата сопруга Викторија.






