Серхио Рамос по 16 години поминати во Реал, летово замина од Мадрид и се пресели во ПСЖ, Шпанецот во средата стави потпис на двегодишен договор со „светците“.
Според пишувањата на Гоал, имало голем интерес за Серхио Рамос и на адреса на дефанзивецот пристигнале и атрактивни понуди од Премиерлигата.
Арсенал на маса ставил 30 милиони фунти (35 милиони евра), односно двегодишен договор и плата од 15 милиони фунти (17,5 милиони евра) по сезона. Луѓето блиски до Серхио Рамос биле привлечени од сумата, но играчот на крајот ги одбил „топчиите“ бидејќи не играле во Лигата на шампиони.
Гоал додава дека предлог доставил о Манчестер Сити, „граѓаните“ му понудиле на Серхио Рамос да игра на „Етихад“ до 2023 година, а потоа да одработи уште три години во САД во редовите на Њујорк Сити.
Што се однесува до договорот на Серхио Рамос со ПСЖ, Гоал вели дека се работи за соработка од 12 милиони евра по сезона, која со најразлични бонуси може да скокне и до 15 милиони евра.






