По вчерашниот пораз од Украина, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своитие фамилии седнале во луксузен ресторан во Букурешт, но биле фатени од романските папараци.
Сето ова би било нормално доколку се работеше за првенство во некое друго време. Поради пандемијата на ковид-19, УЕФА најстрого бара од фудбалските репрезентации да немаат контакт со други луѓе освен оние од репрезентациите. Но очигледно Пандев и Ангеловски излегле од таканаречениот „меур“.
„Меурот“ се прекршуваше и во Скопје, на социјалните мрежи излегуваа многу фотографии од фудбалерите сликани со фанови.
Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.








