вторник, 24 јуни 2025

Сиромашните деца стареат побрзо од нивните богати врсници, покажа научно истражување

Сиромашните деца стареат побрзо од богатите врсници, покажа истражувањето на научниците од Империјал колеџ во Лондон. Во истражувањето биле проучувани 1.160 деца на возраст меѓу 6 и 11 години од цела Европа.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Децата биле поделени во групи со високо, средно и ниско ниво на богатство, а примероци од крв биле користени за мерење на просечната должина на теломерите на децата во нивните бели крвни клетки, додека хормонот на стрес кортизол бил мерен од нивната урина.

Теломерите се структури што се наоѓаат во хромозомите и играат важна улога во стареењето на клетките и интегритетот на ДНК, нивната деградација е поврзана со стареењето, тие исто така стануваат пократки како што луѓето стареат, пренесува Гардијан.

Студијата покажа дека децата од групата со високо богатство имале теломери во просек пет отсто подолги во споредба со децата од посиромашната група. Утврдено е дека девојчињата имаат подолги теломери од момчињата, во просек за 5,6 отсто, додека децата со повисок индекс на телесна маса (БМИ) имаат пократки теломери за 0,18 отсто за секој процент зголемување на телесните масти.

Децата од средните и високите групи имале нивоа на кортизол помеѓу 15,2 и 22,8 отсто пониски од децата од помалку богатите групи.

Научниците забележаа дека студијата има одредени ограничувања бидејќи анализираните деца не биле од семејства што живеат во сиромаштија, додавајќи дека студијата не треба да се толкува како врска помеѓу богатството и „квалитетот“ на гените, туку како индиректно влијание на околината врз познат маркер за стареење и долгорочно здравје.

„Нашите наоди покажуваат јасна врска помеѓу семејното богатство и познат показател за клеточно стареење, со потенцијално доживотни обрасци кои се формираат во првата деценија од животот на детето“, изјави истражувачот Оливер Робинсон.

Тој рече дека ова значи дека економската ситуација може да ги стави децата во биолошка неповолна положба во споредба со оние кои имаат подобар почеток во животот.

„Со тоа што не се справуваме со овој проблем, ги поставуваме децата на доживотна траекторија каде што е поголема веројатноста да имаат помалку здрав и пократок живот“, предупреди истражувачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ