сабота, 19 април 2025

Нутриционистите го откриваат најдобриот појадок за стабилно ниво на шеќер во крвта

Отпорноста на инсулин, состојба во која клетките не реагираат правилно на инсулинот, често му претходи на развојот на дијабетес тип 2. Посебно загрижува тоа што луѓето со дијабетес имаат значително поголем ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Но, има добра вест – отпорноста на инсулин може да се промени. Со промена на исхраната и начинот на живот, можно е да се спречи развојот на дијабетес. А еден од најдобрите чекори за почеток е – појадокот.

Според лекарот Греам Симпсон, исхраната игра клучна улога во контролирањето на отпорноста на инсулин. Иако физичката активност, додатоците во исхраната, спиењето и управувањето со стресот се исто така важни, она што го јадеме – особено јаглехидратите – има најголемо влијание врз секрецијата на инсулин, пренесува Индекс.

Не постои универзална диета. Медитеранската, кето, веганска, вегетаријанска или диета со малку јаглехидрати може да помогне, доколку обезбедуваат стабилни нивоа на шеќер во крвта и инсулин. Важно е да избегнувате зашеќерени пијалаци, бел леб, печива, бел ориз и тестенини.

Нутриционистот Тоби Смитсон од Американското здружение за дијабетес советува појадок кој комбинира:

  • Протеини со малку маснотии (на пример, јајца, урда, тофу)
  • Здрави масти (авокадо, јаткасти плодови)
  • Јаглехидрати богати со влакна (тост од цело зрно, свежо овошје, грав)

Влакната ја забавуваат апсорпцијата на јаглехидратите и помагаат во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта.

За оние кои сакаат минимално внесување на јаглехидрати за појадок, добар избор е омлет исполнет со зеленчук, како печени пиперки.

Симпсон додава дека најдобриот избор за утро е храната со низок гликемиски индекс: јајца, авокадо, обичен јогурт, урда, јаткасти плодови, семки и месо како сланина и колбаси – бидејќи минимално го зголемуваат нивото на инсулин.

Од друга страна, тој советува да се избегнуваат житарици за појадок (освен оние со многу ниска содржина на јаглени хидрати), мафини, сокови и засладени кафиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ