четврток, 22 мај 2025

Научници открија можни придобивки од шампањот за срцевото здравје

Пиењето шампањ, јадењето поголеми количини на овошје, одржувањето на слаба телесна тежина и позитивниот поглед на животот може да го намали ризикот од ненадеен срцев удар, покажа првото истражување од ваков вид.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањето, во кое биле опфатени повеќе од 500.000 лица, позитивно влијание можат да имаат фактори како што се консумирање шампањ и бело вино, зголемено внесување на овошје, одржување на витка телесна тежина, контрола на крвниот притисок и одржување на позитивно расположение, пренесува Гардијан.

Истражувачите откриле дека со елиминирање на најопасните фактори на ризик, како што се лошите животни навики, може да се спречат помеѓу 40 и 63 отсто од ненадејните срцеви удари. Студијата е спроведена со помош на податоци од ОК Биобанк, а резултатите беа објавени во Канадскиот журнал за кардиологија.

Истражувачите анализирале 56 фактори на ризик, вклучувајќи го начинот на живот, социо-економскиот статус и локалната средина. Студијата покажа дека значителната промена во животните навики може значително да го намали бројот на случаи на ненадеен срцев удар.

Еден од истражувачите, Ренџие Чен од Универзитетот Фудан во Шангај, изјави дека е изненаден од високиот процент на случаи на ненадеен срцев удар што може да се спречи со подобрување на негативните фактори на животниот стил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ