Една голема јапонска студија ја испитуваше поврзаноста помеѓу внесувањето зелен чај и ризикот од деменција. Студијата следеше повеќе од 13.000 возрасни лица во просек од 11,5 години. Испитаниците пополнувале прашалници за зачестеноста на консумирање на пијалаци како чај и кафе и биле евидентирани сите случаи на деменција дијагностицирани во тој период.
Резултатите покажале дека оние кои пиеле најмалку 600 милилитри зелен чај дневно имале 25 отсто помал ризик од деменција во споредба со оние кои пиеле помалку од 94 милилитри.
Ефектот не бил ист кај оние кои консумирале големи количини кафе заедно со зелен чај. „Додавањето кафе во големи количини зелен чај не го намалило дополнително ризикот“, според авторите на студијата.
Можно е комбинацијата на високи количини на кофеин да има негативен ефект бидејќи некои испитаници го надминале препорачаниот дневено консумирање на кофеин. Исто така, зелениот чај и кафето содржат различни растителни соединенија кои можат да имаат спротивен ефект.
Зелениот чај е особено богат со антиоксидантот ЕГЦГ, за кој претходните истражувања покажаа дека може да го намали воспалението и наталожувањето на протеини поврзани со Алцхајмеровата болест. Иако и од другите видови на чај има придобивки, зелениот чај има најголема концентрација на корисни соединенија.
Освен во чајот, слични антиоксиданси се наоѓаат и во темното чоколадо, црешите и бобинките. Затоа, додавањето зелен чај во вашата дневна рутина може да биде лесен чекор кон одржување на здравјето на мозокот.