сабота, 21 јуни 2025

Ако сакате да ослабете, не правете една работа веднаш по будењето

Кога станува збор за слабеење, речиси секој има свој совет – од јадење по еден оброк дневно, преку повремено постење и контрола на порциите, до различни комбинации на сето горенаведено.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, професорот Франклин Џозеф, директор на Клиниката за слабеење „Д-р Франк“, истакнува дека постои еден едноставен чекор што многу луѓе го прескокнуваат, а кој може да има големо влијание врз согорувањето на мастите, нивото на енергија и апетитот – и сето тоа пред да појадуваме.

Во интервју за Сан, професорот објасни дека повеќето луѓе веднаш посегнуваат по кафе или појадок веднаш штом ќе се разбудат, заборавајќи што му е најпотребно на телото во тој момент– вода.

“Повеќето луѓе стануваат и одат директно во кујната или земаат кафе, без многу размислување. Но, ако не го подготвите правилно вашето тело за да го започнете денот, пропуштате одлична можност да го поттикнете согорувањето на мастите, да ја зголемите енергијата и природно да го регулирате апетитот”, рече професорот Џозеф.

Во текот на ноќта, телото губи течности преку дишењето и потењето, па ако не ги надополниме наутро, денот го започнуваме во состојба на блага дехидратација.

„Тоа може да го забави вашиот метаболизам, да предизвика желба за слатки и да ве остави уморни и без фокус“, предупредува тој.

Тој препорачува да се пијат најмалку 400 до 500 милилитри вода во рок од половина час по будењето. За да му се помогне на телото подобро да ја апсорбира течноста, тој советува да додадете прстофат морска сол или додаток на електролити.

„Електролитите можат да направат голема разлика, особено ако се будите уморни или сте физички активни. Тие помагаат да се хидрирате на клеточно ниво и да се чувствувате побудни и поенергични“, додава тој.

„Кафето не е доволна замена за вода. Кофеинот го зголемува нивото на кортизол – главниот хормон на стресот – првото нешто наутро, што може да го отежне губењето маснотии, да го зголеми салото на стомакот и да го зголеми чувството на вознемиреност“, порача професорот Џозев.

Ако сакате поефикасно да изгубите тежина, можеби е најдобро да почекате барем неколку часа пред да пиете кафе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ