недела, 12 мај 2024

Путин ги отфрлал американските предупредувања за потенцијален терористички инцидент во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрлал американските предупредувања за потенцијален терористички инцидент во Москва само неколку дена пред синоќешниот терористички напад на концертната сала во околината на главниот град на Русија, пренесува Бизнис инсајдер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Исламска држава ја презема одговорноста за вчерашниот напад на концертната сала во Москва, пренесува Ројтерс.

Најмалку 115 луѓе се убиени, а повеќе од 150 се повредени откако петмина вооружени терористи во камуфлажни одела отвориле оган од автоматско оружје на луѓето на концертот во салата Крокус сити хол во Москва, во еден од најстрашните терористички напади во Русија во последните години.

Претходно месецов, американската амбасада во Русија издаде безбедносно предупредување за потенцијален терористички напад во Москва и ги повика своите државјани да избегнуваат толпи, да ги следат локалните медиуми.

„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремисти наскоро планираат да нападнат големи собири во Москва, вклучувајќи концерти, а на граѓаните на Соединетите Американски Држави им се советува да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, се наведува во предупредувањето од 7 март.

Путин го критикувал предупредувањето како „провокативно“.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, рускиот претседател на 19 март кажал дека целта на „неодамнешните провокативни изјави на официјални западни структури за можноста за терористички напади во Русија“ е нанесување штета на руското општество.

„Сето ова личи на директна уцена и намера да се заплаши и дестабилизира нашето општество“, кажал Путин.

Иако концертите се спомнати како потенцијална мета во американското безбедносно предупредување, засега не е јасно дали нападот во петокот е поврзан со заканите кои официјален Вашингтон ги следел.

Американската амбасада синоќа објави дека е „свесна за нападот“ и ги повика Американците да го избегнуваат тоа подрачје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ