сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со Вреди за формирање на новата Влада

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, информораа од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму на средбата биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски. Од страна на коалицијата Вреди присутни биле лидерите на Алијасна за Албанците, Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити, на Беса, Биљал Касами и на Алтернстивс, Африм Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати, евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

„Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање,“ се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Претходно, од Вреди изјавија дека според нив, првичната средба и разговори оделе во позитивна насока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ