Победници во категоријата за тркачки коли Верица Поцева, Велин Ѓоргиев, Климент Јанкулоски.
Во категоријата ВИ фудбал се одвиваа фудбалски натпревари меѓу тимови од по три играчи (агенти програмирани со вештачка интелигенција). Победи тимот со најмногу поени – Стојанчо Манчев, Нино Наумоски, Стојан Јованов.

Победници во категоријата Robotic arm challenge се Антониј Стојменов, Жанина Хаџи-Василева, Стефан Темелкоски.
Максим Радевски, Огнен Галески се победниците во категоријата Trig, track, trace.
На листата на победници и во други категории е најдоа и Емануел Аврамоски, Александар Ѓоргиев, Агнеса Османи, Софија Јовановска, Адам Хрјесиќ и Филип Милевски.






