„Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги ‘продале’ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар ‘маали’.
Ова е вистинското лице на ‘патриотот’ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. ‘Патриот’ кој бара помош од Левица за да собори Албанец.
Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово? Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев? Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово?
Тетово не е зделка, па затоа на 2 ноември тетовчани ќе зборуваат со јасен глас: ДА за Билал Касами“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.






