понеделник, 23 јуни 2025

Во Скопје приватните превозници пак ги паркираа автобусите

„Јофи бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“, приватните автобуски превозници во Скопје од денеска целосно го запреа превозот на патници. Тие велат дека веќе шест месеци не добиле ни денар од ЈСП за извршениот превоз на патници во Скопје. Според нив, Град Скопје ги префрлил парите на сметката на ЈСП, но тие не добиле ништо. Долгот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е 2,44 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

На приватните превозници не им е јасно зошто ЈСП не им ги префрла добиените пари за таа намена.

Приватните превозници очекуваат Град Скопје наскоро да објави нов повик за нив, бидејќи претходниот кој беше во траење од 2 години истече на крајот на мај. Приватните превозници ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 автобуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ