сабота, 13 декември 2025

Во акцијата за чистење на Скопје собрани над четири и пол илјади тони отпад

Над четири ипол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.  Во изјава дадена вечерва на плоштадот Македонија по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две ипол илјади работници. Toj апелира до граѓаните на совесно одлагање на отпадот и порача дека во иднина нема да биде казнуван целиот колектив поради еден, два или три проценти несовесни граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава дадена вечерва на плоштадот Македонија по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници.

„Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас. Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Како што информираше, исчистени се и депонијата кај Градските гробишта Бутел, а почнато е чистењето и на депонијата Вардариште.

Најави дека се прави оперативен план за дејствување и во следниот период и оти фокусот во зимскиот период ќе биде на решавање на овие состојби, а веќе напролет ќе почнат градежните активности.

„Скопјани да бидат спокојни, имаат човек на кој може да се потпрат во секое време и човек кој апсолутно ќе даде се од себе заедно со својот тим во наредниот период да не поминуваат низ голгота каква што имавме изминатите четири години“, рече Ѓорѓиевски.

Тој соопшти дека се изречени над 40 казни и 70 опомени и на физички и на правни лица.

Ѓорѓиевски апелира до граѓаните на совесно одлагање на отпадот и порача дека во иднина нема да биде казнуван целиот колектив поради еден, два или три проценти несовесни граѓани. Најави казни за сите оние што во следниот период несоодветно ќе го одлагаат отпадот.

„Сакам да ги замолам нашите сограѓани во однос на нивната коректност во постапување на одлагањето на отпадот. Дополнително отежнување на нашата активност е тоа што јас лично и моите соработници добивме впечаток како половина Скопје да се реновира наеднаш и мораше дополнително да се постапува покрај микролокациите отстранувајќи и мебел покрај нив“, изјави Ѓорѓиевски.

Најави дека ќе се спроведуваат редовни активности за собирање кабаст отпад, а кога има алармантна состојба во одредено домаќинство повика да се обратат до службите  за да се постапи. – Но, доколку некој се однесува несоодветно како што беше случај изминатите 72 часа ќе пристапиме кон опомени и изрекување на казни. Изречени се над 40 казни и 70 опомени и физички и правни лица, рече Ѓорѓиевски.

Ќе се направи, посочи скопскиот градоначалник, и сериозна анализа со цел секој правен субјект да добие контејнер, затоа што имало такви коишто воопшто не користеле контејнери. Тоа, истакна, е сериозен пропуст на институциите и од аспект на финансии, но и од аспект на одржување на состојбите за домаќинствата и онаму каде што одлагаат.

„Нека не ми замерат моите сограѓани, не може поради еден два или три проценти несовесни граѓани да бидеме целиот колектив казнувани постојано. Затоа ќе има постапување како што ветив пред моите сограѓани – тоа е воспоставување на ред којшто дефакто недостасуваше во главниот град. Оние кои се совесни ќе бидат наградувани, а за оние кои ќе постапуваат несовесно ќе биде спроведена казнена политика и нема да има толеранција против никого“, изјави Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ