„Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата. Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен
„Ја поддржуваме одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен, институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
часот





