„Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан. Со ова ќе се зголеми и побарувачката на пазарот и ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата.
Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава. Владата преку конкретни мерки и чекори кои дирекно помагаат за развој на домашната економија и раст на БДП. Една година Влада значи целосна посветеност и реализација на проекти. Земјоделците се наш фокус и продолжуваме заедно да градиме одговорни политики кои ќе ги задоволат нивните барања и потреби“, соопшти Владата.