петок, 14 ноември 2025

Вкупно 66 нови вработени доби Клиниката за ТОАРИЛУЦ

Осум доктори на специјализација, четири доктори на медицина, 22 болничари, 12 хигиеничари и 20 медицински сестри се вработени на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Објавено на

часот

Сподели

Ова денеска го изјави директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски, кој рече дека тие кои работеле со договор на дело се вработени на неопределено време и седум години чекале за решение за работа.

„Со проектот на Владата и Министерството успеавме да ги вработиме и да им дадеме иднина“, додаде Мерџаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ