петок, 17 април 2026

Варнс – Савески: САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите за јакнење на јавнообвинителскиот систем

Државниот јавен обвинител Ненад Савески и вршителката на должноста шеф на Мисијата на Соединетите Американски Држави Никол Варнс денеска разговарале за приоритетите за унапредување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Јавното обвинителство, на средбата биле разменети мислења за натамошна американска поддршка на реформските процеси и активностите насочени кон јакнење на владеењето на правото.

Савески се заблагодарил за континуираната поддршка од САД во унапредувањето на целокупниот систем за владеење на правото, со посебен акцент на функционирањето на Јавното обвинителство и на воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во рамки на обвинителствата.

Вршителката на должноста американска амбасадорка Варнс му честитала на Савески за изборот на највисоката јавнообвинителска функција во државата и нагласила дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите кои придонесуваат за јакнење на јавнообвинителскиот систем.

На средбата било договорено поддршката во наредниот период да продолжи и преку обуки и размена на искуства, со цел зголемување на транспарентноста и ефикасноста на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ