понеделник, 23 јуни 2025

Трета отворена дискусија за машкото здравје

Свесни дека менталното здравје кај мажите често се игнорира и дека многу ретко се зборува за предизвиците со кои се соочуваат, Лајонс клубот Пајко Маало по трет пат го организира настанот за подигнување на свеста за грижа за машкото здравје во Македонија. Оваа година, фокусот го ставаме на третиот столб на движењето Мовембер – грижата за менталното здравје кај мажите и малку да ја разоткриеме стигмата и важноста за истото.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кои фактори влијаат на менталното здравје кај мажите? Кои се начините да се препознаат знаците на менталните предизвици и каква поддршка може да биде достапна за нив? Зошто е важно да зборуваме за машкото ментално здравје?

Утре во 18:30 часот, во просториите на Нетавил (новите згради спроти Машинскиот факултет), ќе се одржи отворена дискусија за машкото ментално здравје.

Одговор на овие прашања ќе дадат и ќе споделат корисни совети и стратегии за мажите, се: асс. д-р Васка Д. Митова, специјалист психијатар и психотерапевт и проф. д-р Стојан Бајрактаров, специјалист психијатар.

Отворената дискусија е првиот чекор кон создавање подобра средина за сите мажи, во која ќе се охрабрат да зборуваат и да се грижат за своето ментално здравје.

Настанот е отворен за сите заинтересирани.

Хуманата страна на Мовембер

Покрај едукативниот карактер, настанот има и хуманитарен аспект. Заедно, преку донации, да му помогнеме на малиот Алексеј Анастасовски.

Алексеј има само три години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни болести. Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции. Поради тоа неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал во Турција кое чини 19.000 евра.

За време на настанот за грижа на машкото здравје ќе бидат поставени донаторски кутии, каде што секој може да даде свој придонес. Отворени се и телефонски линии за донации: А1: 143 476 и Телеком: 143132 и сметки за донација:

Алексеј Анастасовски
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА – SPARKASSE BANK:
250500025372085,

Девизна сметка:
SWIFT-INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007344136 SPARKASSE

Настанот се организира со поддршка на Лајонс дистрикт 132 Македонија и Нетавил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ