среда, 30 април 2025
Писмо од Шведска

Трагедија што Шведска никогаш нема да ја заборави! Трагедија што Македонија не смееше да ја доживее!

30 октомври 1998 – Гетеборг, Шведска. 16 март 2025 – Кочани, Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од најсмртоносните пожари во историјата на Шведска се случи во дискотека во Гетеборг. Во објект што собирал само 150 лица, таа ноќ биле присутни околу 400 млади, на возраст од 14 до 25 години. Пожарот одзеде 63 животи, а над 200 беа потешко повредени. Шведска ja научи лекцијаta. Ги заостри законите, ја стави безбедноста како приоритет и никогаш повеќе не дозволи ваква трагедија.

А денес… историјата се повтори. Во Кочани, во 2025 година. Сличен број на жртви и повредени. Болка, тага и бес. Прашањето е: ќе научиме ли ние? Колку пати треба да загубиме невини животи за да разбереме дека безбедноста не е луксуз, туку основно право? Колку трагедии треба да се случат за конечно да сфатиме дека законите не се само зборови на хартија?

Во Шведска, по пожарот во 1998, законот стана закон:

Построга противпожарна заштита – задолжителни детектори за чад, автоматски прскалки и подобрена вентилација во сите јавни простории!

Повеќе излези за итни случаи – никогаш не смеат да бидат заклучени или блокирани. Контрола на бројот на посетители – строго се следи капацитетот, без исклучоци!

Годишна обука за вработени – секоја организација мора да спроведува противпожарни вежби и обуки.

Чести инспекции и контроли – државата не простува непочитување на безбедносните прописи.

Планирање на инфраструктурата – зградите не се градат хаотично, улиците се слободни за противпожарни возила.

И не е само во дискотеки и ресторани! Во секоја зграда, скалите за евакуација се чисти и слободни. На секој јавен настан прво се информираат присутните за излези и безбедносни процедури. План за евакуација стои јавно и видливо на секое место. Секој поединец, секоја компанија има одговорност –  за себе и за безбедноста на другите. Ова се нарекува одговорност. Ова значи да се научи лекцијата. Ова значи да не дозволиме историјата да се повтори! Како што дозволивме…

Нека почиваат во мир сите жртви на оваа страшна трагедија. Но, дали ќе направиме нешто за да ги спречиме идните? ЗАКОНОТ мора да биде ЗАКОН! Безбедноста мора да биде ПРИОРИТЕТ! Сега, веднаш, без одложување. Тука нема компромиси!

Бојана Атанасова Насев

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ