„Треба да се знае дека во Македонија, поради ослободувањето од придонеси на плата над 300.000 денари, менаџерите си делат енормно високи плати на кои плаќаат само 10% персонален данок на средствата кои се над максималната основица за придонеси. Еден таков пример е платата на менаџер во приватно здравство која ја објави УЈП и таа е во висина од 255 илјади евра месечно.
Манипулацијата која им се прави на граѓаните е што и оваа плата, како и стотици такви, влегува во просекот. Исто така, секое покачување на платата на партиската војска во администрацијата го зголемува просекот. Во контекст „исполнување” на ветувањето влегуваат и десетици илјади луѓе кои останаа без работа за време кизата.
За да се спречи ваквата манипулација, а се со цел за политички маркетинг, треба под итно да се смени методологијата на пресметка, односно да се одделат просеците по индустриски гранки во кои нема да влегуваат менаџерски плати и дополнително да се пресметува средна плата на национално ниво. Тогаш би имале реална слика на платите во Македонија и ќе знаеме која гранка бележи напредок, а која стагнација.
Исто така, треба да се тргне горниот плафон за плаќање придонеси по основ на плата со што ќе се спречи „перењето на пари” на газдите и менаџерите, а во исто време ќе се зголемат приходите во ПИОМ и ќе се зголеми основицата за данок на профит.
Нас не нѐ чуди што владата на СДСМ го прифати овој начин на пресметка, наследен од владата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и двете партии се партии под силна контрола на олигарсите и нивнот капитал.
Левица од позиција на власт, ќе воспостави ред во оваа област, како и ќе ја примени методологијата за просечна плата по индустриски гранки, администрација и плати на менаџери. Собирање на „баби и жаби” само за политички маркетинг, а на штета на правилната статистика, ќе биде минато во Република Македонија“, се вели во соопштението на партијата.






