среда, 13 мај 2026

Со ребалансот нема да бидат засегнати мерките за поддршка на граѓаните, тврди Димитриеска-Кочоска

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од тие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на започнатите разговори за ребалансот на Буџетот.

Објавено на

часот

Сподели

Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека Буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата.

„Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките кои придонесуваат за економски раст и кои се реализираат согласно планираната динамика, особено капиталните инвестиции, како и мерките за поддршка на граѓаните насочени кон унапредување на животниот стандард“, истакнува Димитриеска-Кочоска.

Според неа, со ребалансот на Буџетот ќе се остане во основата на среднорочната фискална рамка утврдена со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.

„Согласно со објавените податоци во првиот квартал годинава јавниот долг во апсолутен износ изнесува 10,747 милијарди евра или 59,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП) и, посочува министерката, бележи намалување за 1,5 процентен поен во споредба со состојбата на 30 јуни 2024 година или кога ја преземавме власта. Имаме многу внимателен пристап во управувањето со јавниот долг и севкупно со јавните финансии и сме силно посветени на создавање услови за остварување повисоки и одржливи стапки за развој“, вели министерката за финансии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ