„Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности?“, се наведува во соопштението на Комунална хигиена – Скопје.
Скопски Комуналец тврди дека вчера собрал 350 тони комунален отпад
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спровела активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности биле подигнати вкупно 350 тони комунален отпад, се наведува во соопштението на ова скопско претпријатие.

Објавено на
часот





