среда, 13 мај 2026

Новомаалци бараат Општина Центар да ја повлече идејата за суспензија на ДУП-от: Ова се приватни имоти и парцели

Објавено на

часот

Сподели

„Дали општината ги утнала елаборатите или не, за нас тоа апсолутно нема значење, основ за суспензија нема. Затоа, ние бараме од институциите повеќе да не си ја префрлаат топката и ова прашање да се затвори, а ние да го добиеме она што ни следува и според Уставот и според Законите.

Половина век се бориме да ги оствариме нашите права и сега конечно имаме инвеститор со кој ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век. Сите оние кои ги спорат условите во кои се живее во Ново Маало, слободно можат да дојдат и да видат дали во 21 век се живее со септички јами, прокиснати кровови и кал до колена.

Уште еднаш ги потсетуваме и институциите и јавноста која бара паркови на наши парцели дека правото на сопственост е уставно загарантирано право. Никој освен нас не може да одлучува за тоа што ние ќе правиме со нашите имоти. Ова се приватни парцели, приватен имот. И според ДУП и според ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и деловен простор, тоа и ќе се гради“, велат жителите на Ново Маало.

Што се однесува до јавно зеленило, додаваат, и тоа ќе го има, и тоа многу повеќе од она што го има сега.

„Сега има само распукан асфалт и ништо друго, а оваа локација која е во срцето на градот, за жал е едно големо ругло и срам за една метропола“, велат тие.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ