среда, 25 јуни 2025

Сиљановска Давкова гостинка на приемот на Макрон на конференцијата на ОН во Ница

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Објавено на

часот

Сподели

„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот“, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, разговаравме за потребата од склучување мир со природата, како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото. Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием по повод третата конференција на Обединетите Нации за океанот“, истакна македонската претседателка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ