недела, 13 јули 2025

Сиљановска-Давкова го започна работниот дел од самитот на НАТО, веќе имала протоколарна средба со бугарскиот премиер Жељазков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пристигна во просториите каде што се одржува самитот на НАТО во Хаг, Холандија. Таа ја предводи македонската делегација во која се и министерот за надворешнаи работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е претседателката да учествува на состанокот на Советот на НАТО на кој ќе се обратат генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте и холандскиот крал Вилем-Александер. По завршувањето на официјалниот дел на самитот, кој е затворен за јавноста, Сиљановска-Давкова ќе има средба со претседателот на Летонија.

Вчера македонската претседателка присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.

Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на која искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.

Во фокусот на Самитот во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на синоќешната вечера што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на самитот на НАТО, имала „пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков“. Таа е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани.

„Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно. Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство“, посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ