Ние, како Министерство за правда, се наведува во реакцијата, остануваме посветени на реформите – не во интерес на поединци или тесни групи, туку затоа што тоа им го должиме на граѓаните. Се надевамe дека еден ден и СДСМ ќе успее да го види тоа.
„Но, самиот факт дека ‘предводникот’ на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник, неспорно укажува дека станува збор за чисто политички забелешки и празна демагогија, а не за правно издржани ставови. Работата на Министерството, како и досега, останува отворена и транспарентна за сите. Токму критиките упатени кон Законот за Судскиот совет укажуваат на чисто дневно политиканство и празна фразеологија во дадената изјава. Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, имајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава. Во текот на работата, изминатите месеци беа разгледани бројни коментари од политичките партии, вклучувајќи ги и тие на СДСМ – иако беа доставени крајно задоцнето – како и коментари од заинтересирани граѓани и бројни правни експерти. Никој нема да дозволи политички договори и мешање во судските институции“, се наведува во реакцијата на Министерството за правда.
Во однос на критиките за Законот за јавното обвинителство, велат оттаму, укажуваме дека во текстот објавен на ЕНЕР имплементирани се сите препораки од реформската агенда. Дополнително, Законот, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители, ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија пред нивното финализирање и процесуирање во Владина постапка.