среда, 15 април 2026

Гутереш повторно избран за генерален секретар на ООН

Објавено на

часот

Сподели

Петнаесетте члена на Советот за безбедност во почетокот на овој месец усвоија кратка резолуција со акламација и одобрија соопштение за поддршка на Гутереш – единствениот кандидат. Неговиот реизбор за шеф на ООН беше потврден денес со гласање на Генералното собрание.

Гутереш тогаш рече дека одлуката на Советот за безбедност е голема чест и дека тој ќе биде „длабоко благодарен ако Генералното собрание ми довери одговорности и за време на вториот мандат“.

Поранешниот португалски премиер и шеф на агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) беше избран од Генералното собрание за генерален секретар на ООН, во трката за таа позиција во октомври 2016 година, во која првично имаше 13 кандидати – седум жени и шест мажи.

Гутереш го наследи Бан Ки-мун, а ја презеде функцијата од 1 јануари 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ