Во рамки на програмата, околу 60 средношколци од различни градови во државата учествуваат во работилници посветени на музика, графити, политика и јавно говорење. Целта е младите да учат како да ги преточат своите идеи во креативен и јасен јавен израз.
Учесниците се распределени во три тематски групи, кои ги водат искусни ментори од различни области: проф. Емилија Ристановска, проф. д-р Ненад Марковиќ, актерот Никола Ристановски, музичарот Ненад Стефаноски и графити уметникот Драган Китановски – Драш.
Преку работата во групи, младите стекнуваат нови вештини, учат како креативноста може да биде алатка за разбирање и коментирање на општествените процеси.
Финалниот настан ќе се одржи денеска во 11:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга, каде публиката ќе може да проследи музички настапи, изведби на говори и поетски текстови, како и изложба на графити изработени од учесниците.






